Вести Македонија Најважни

Северна за надвор, Македонија за дома

Северна Македонија за надвор, Македонија за дома.

Ова е последната изјава која стигна од мандатарот, Христијан Мицкоски, за тоа како ќе ја именува земјава во своите обраќања и изјави. Мицкоски кој пред две недели изјави дека во секоја негова изјава ќе го користи името Македонија, од вчера тоа го сведе само за домашна употреба.

Мицкоски синоќа гостувајќи на Сител телевизија, изјави дека заклетвата како премиер ќе ја дада со уставното име на државата, односно Република Северна Македонија, но и дека уставното име на државата со придавката ќе го користел и за време на официјалните посети во странство. При давањето изјави во Македонија, Мицкоски најави дека секогаш јас ќе си користел името „Македонија“.

Сепак Мицкоски денеска пред новинарите тврдеше дека не го сменил својот став околу името.

Не мојот став не се промени, како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија и ќе продолжам да зборувам Македонија. Но не можеме ние како влада да бараме граѓаните да ги почитуваат законите и Уставот, а ние д акалкулираме и да имаме двојни стандарди, изјави Мицкоски.

Мицкоски употребата на уставното име го објаснуваше со промената на собранискиот Деловник кој го уредува давањето на заклетвата на владата и нејзините членови.

Ставот на Мицкоски пред пет години сепак беше поинаков од денешниот, барем што се донесува до изговарањето на придавката „Северна“.

 

Кажувам многу отворено дека никогаш нема ја кажам придавката на новото име. Никогаш. Нека ми го змеат мандатот, изјави пред пет години Мицкоски во гостување на ТВ 21.

 

Не можам да имам двојни стадарди, да добивам и да поднесувам закони и со придавката која што е дел од Уставното име.Да имаме институционална комуникација под уставното име. Да трчаме да вадиме пасоши и лични документи како одредени политичари кои што се сончаат во скапи и монеднски летувалишта во Египет и нашиот јужен сосед и да се правиме наудрени дека не постои, дека тоа не е дел од нашиот правен систем, е ставот на Мицкоски.

Мицкоси денеска избегна да одговори на прашањето кое име ќе го за време на посета на странски претставници на земјав, особено на оние од ЕУ.

 

Кажав тоа што имав да кажам поврзано со таа тема, кратко одговори мандатарот.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе