Македонската женска ракометна репрезентација со победа го почна настапот на Светското јуниорско првенство што се одржува во Скопје.
Нашите надежи триумфираа во дуелот против САД со 32:15 и направија крупен чекор кон пласман во главната рунда.
Најефикасна во нашиот тим со девет погодоци беше Борјана Коцева, Ива Младеновска постигна седум додека три пати во листата на стрелците се запиша Јана Равојска.
Во второто коло кое е на програмата в петок, Македонија за противник ја има селекцијата на Исланд, а мечот се игра во арената Борис Трајковски и почнува во 18 часот.
ФОТО: Игор Паневски