Вести Македонија

“Ало ЦУК има змија во куќата”- во државата нема институција која ги “иселува” бесплатно влекачите од домовите на граѓаните

(Фото илустрација) Од ЦУК информораат дека имаат зачестени повици каде граѓаните пријавуваат дека во нивниот дом или населба има змија и бараат помош.

-На секои неколку денови има пријава за видени змии и во населени места. Нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување, па порано кога дежурните немаа никакви информации за некој што отстранува да им дадат и да посочат каде може да се обратат негодуваа и се лутеа– барем еден контакт да им се даде, а сега кога дежурните имаат информации и кога ќе им се даде контакт на лица кои можат да отстрануваат змии, но по претходен договор за услугата, граѓаните се лутат што тоа не е бесплатно. Но, поголемиот дел граѓани, покажуваат разбирање за тоа, велат од ЦУК.

Жешкото време, но и условите за нивно “шетање” низ градски средини бидејќи во некои области во населени места има трева восока над метар, придонесоа граѓаните да имаат се почести средби со овие влекачи кои не се опасни, ама се непријатни за поголем број граѓани и домашни миленици. Во Македонија има само еден сервос за отстранување на змии од домови, а станува збор за приватен субјект кој ја наплаќа услугата.

Од ЦУК велат дека постои можност за институционална реакција за да им се помогне на граѓаните, но никако таа обврска да падне на грбот на пожарникарите среде летна сезона.

-Не може во сезона на пожари, пожарникарите да се користат секогаш, плус и за такви специфични и ретки итни случаи. Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање на змиите од одредени површини и реони со различни еколошки средства, како и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, информираа од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе