Вести Македонија

Таравари во „Топ тема“: Трошок за државата и малтретирање на граѓаните би билo да има двапати избори во три општини за 11 месеци

Ако се одржат предвремени избори во три општини, тие би требало да бидат во ноември-декември оваа година. Редовните избори се септември или октомври наредната година. И ако имате во предвид дека за 10-11 месеци треба да има двапати избори во три општини, мислам дека е само трошок за државата и не постигнуваме ништо, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците (АА) и иден министер за здравство во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да излезат луѓе да гласаат за градоначалник во Аеродром, во Сарај, во Гостивар за 11 месеци, мислам дека само ќе направиме трошоци. Затоа и го дадовме предлогот. Да беше за повеќе од половина мандат, апсолутно треба да се гласа, меѓутоа се работи за мал период да се избере нов градоначалник и потоа повторно да се оди на редовни локални избори. Се надевам дека ќе имаме поддрѓка и од другите парламентарни групи. Мислам дека има расположение и во СДСМ, и во ВМРО-ДПМНЕ, моментно се разговара и со ДУИ. Се надевам дека ќе имаме поддршка и од нив“, рече Таравари.

Таравари го обрзаложи и предлогот за измени во законот за локална самоуправа.

„Предлогот е доколку градоначалникот минал повеќе од половина од мандатот, во тој случај советот да избере в.д. градоначалник до наредните избори. Ова е предлогот на Алијанса на Албанците за промена во законот за локална самоуправа за кој засега имаме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, се надевам и од СДСМ, барем таквите се моите информации и сигнали“, истакна Таравари.

Првиот човек на АА нагласи дека во моментот има поддршка од над 80 пратеници за законот, меѓутоа за Бадентер ќе треба и од ДУИ.

„Мислам дека е рационално. И за граѓаните да не ги малтретираме и да не правиме трошоци. Меѓутоа, ако сме избори, ќе организираме во тие три општини“, додаде Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе