Вести Македонија

Префрлањето на обврските за санација на ѕидот над Клинички центар наместо да ги обедини ги раздвои институциите

Потпорниот ѕид на клинички како мрежа на пинг-понг маса, а одговорноста оди од една на друга страна. Атрактивната улица Белградска во срцето на Водно, од општински преминала во градските раце, надлежноста се променила и сега санација треба да направи градот, велат од заеднички служби на Клинички. Во дописот, кои како што тврдат, го добиле од општина центар пишува дека во 2019-та е склучен договор помеѓу градот и општината, а обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на улица „Белградска“ ја превзема градот Скопје и со напомена дека не станува збор за интерни договори туку за законски важечки документи за регулирање права и обврски помеѓу град Скопје и општина Центар.

„Во врска со навалениот и делумно паднат потпорен ѕид на ул. Белградска, во делот кај Детската клиника, Јавната установа Ве известува дека истиот и целата улица се во надлежност на Општина центар. Затоа во јули 2023 им пративме допис за опасно навалување на ѕидот, а во јуни 2024 г. за навалување на ѕидот и паѓање на дел од него. Одговорот од нив е дека Општина центар склучила Договор за отстапување на надлежноста на оваа улица на Град Скопје. Дали Договорот се почитува или не, ќе одговорат во Општина центар и Град Скопје“, велат од Заеднички служби при Клинички центар.

Од градот пак одговорноста ја вратија во здравство.

„Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување“, велат од Град Скопје.

За алармантноста на проблемот реагираа и експертите кои побараа што побрзо да се интервенира.

„Чија е надлежноста јас не знам. Надлежноста е на сите оние кои што се инволвирани во процесот да седнат заедно и да го решат овој проблем што поскоро“, вели проф. Д-р Горан Марковски декан на Градежен факултет Скопје  (17.06.2024).

Пред една недела директорот на ЦУК Стојанче Ангелов алармираше за проблемот пред Клинички, а дури вчера на маса седнаа дел од засегнатите страни да најдат решение. Заклучокот беше санација на ѕидот да направи министерството за здравство, додека пак решението за подземните води треба да биде од страна на Град Скопје и Општина Центар.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Добрата дигитализација направила револуција и огромни заштеди во здравството во други држави 

Дејан Дејан

Игор Стојковски – нов директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија

Дејан Дејан

Ристовски: Легитимна е онаа федерација која што ќе пријави систем на натпреварување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе