Вести Македонија

ИН МЕМОРИАМ Почина новинарот Иван Андреевски – Мачето

На 17 јуни на 76 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Роден е во 1947 година во село Доленци, Демирхисарско.

Андреевски својата кариера ја почна во Радио Телевизија Скопје (РТС), веднаш по завршување на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и фељтони.

Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 до 1990 година, бил ангажиран и како дописник на Ројтерс, Радио Слободна Европа и Јутел, а своевремено член и претседател на Советот за радиодифузија. Продолжува да ја гради професијата во Македонската радио телевизија, основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ.

Од 1997 до 2006 година бил претседател на Здружението на новинари на Македонија, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.

Погребот ќе биде на 21 јуни, во неговото родно село Доленци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе