Вести Македонија

Дали комунална полиција е решението за отпадот околу контејнерите?

Потребно е подигање на јавната свест, во спротивно ќе следуваат казни од комуналната полиција. Ова го најави Гоце Трајковски, директорот на Комунална хигиена, кој прстот го впери во граѓаните. Вели тие се несовесни и ние не можеме да стигнеме да ги собереме купиштата отпад кои ги оставаат околу контејнерите. За две недели исчистиле 150 депонии.

„Единствен начин за да го решиме проблемот е сите општини да имаат иницијатива за подигнување на јавната свест на највисоко ниво и да се формира комунална полиција која ќе има одврзани раце да пишува соодветни санкции за одлагање на тој непрописен отпад и овој тренд на фрлање на отпад да престане“, вели Гоце Трајковски, Директор на „Комунална хигиена“.

Граѓаните пак со поделени мислења околу казнувањето. Некои сметаат дека треба да има комунална полиција која ќе казнува, а дел велат дека тоа не е решението.

„Треба да има комунална полиција бидејќи очигледно не ни доаѓа памет“, смета граѓанин.

„Тие што така го фрлаат ѓубрето треба да бидат казнети“, заклучува граѓанка.

„Не сум против казни, но сепак сметам дека тие не се единственото решение“, вели жител.

„Мислам не би требало да се фрла надвор од контејнерите, за казни не сум сигурна, би требало да бидат опоменати“, рече жителка.

Во моменти на високи температури ризик претставува и горењето на дивите депонии. Во изминатото деноноќие имало единаесет пожари на отворено. Тоа е проблем плус со кој се соочуваме затоа што ер тракторите се утврди дека се исправни и конечно се во функција, но нема пилоти за да управуваат со нив.  Во моментот на располагање за гаснење на пожари имаме три хеликоптери од МВР и еден од Армијата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе