Вести Македонија

Граѓаните ѓубрето го фрлаат до контејнерите – „Комунална хигиена“ најавува казни

Празни контејнери, а околу нив ѓубре. Иако има табла на која пишува забрането фрлање шут, тоа не се почитува. Пакети, мебел, облека, гранки и многу други отпадни работи може да се видат околу контејнерите во општина Ѓорче Петров. Граѓаните вината за тоа ја гледаат во самите себе, но и во комуналното претпријатие.

„Сум се уверила дека граѓаните ѓубрето наместо во контејнерите го ставаат до него, а истото важи и за шутот од реновирање. Но, малку од вината има и кај претпријатието за чистота и тие при расчистување ако им падне дел од ѓубрето не го собираат“, вели една жителка. 

„Прво треба да се подигне културата и  цело време треба да има редари од комунална служба кои ќе следат што се случува низ градот и ќе пријавуваат, а после одговорните да дојдат да го соберат тоа што е направено“, вели граѓанин.

Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ велат дека викендов отстраниле околу 40 кубни метри отпад. Објаснуваат дека веќе некое време се соочуваат со проблем, каде што иако контејнерите се празни ѓубрето се фрла до нив и се формираат депониии. Велат дека со тоа се прекршува законот за јавна чистота и сторителите ќе бидат казнети.

„Град Скопје и Комунална хигиена апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини. Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и значително ја зголемува опасноста од ширење заразни болести, особено во летниот период“, соопштија од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Освен Ѓорче Петров во ѓубре се дави цело Скопје, а ваквите депонии со измешан отпад се закана за пожар на високи температури.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК: Романија не е подготвена да го прифати еврото

Дејан Дејан

Во Германија четвртина од вработените сè уште работат од дома

Дејан Дејан

Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе