Вести Македонија Најважни

Бесмира Ејупи уште денеска по наредба од МНР ќе добие дипломатски пасош

Откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија, дел од медиумите повикувајќи се на дипломатски извори пренесуваат и дека Османи издал и наредба веднаш, уште денеска, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена.

Од МНР потврдија дека Ејупи ќе биде испратена таму „на испомош“, поради зголемен обем на работа имајќи предвид дека кон Македонија ќе тргнат иселеници на кои им се потребни патни документи.

Додаваат дека во некои козулати времено се испразнети работни места поради годишните одмори и други отстуства и дека има потреба од испомош.

Случајот со Бесмира Ејупи првпат јавноста ја брануваше пред две години кога се дозна дека таа, претходно позната како презентерка на една телевизија, всушност е вработена во МНР и дека министерот Османи веќе ја назначил за конзул во Њујорк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Според Мицковски пораките на Радев наликлуваат на оние од среден век

Дејан Дејан

Синдикатот на полиција поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

Дејан Дејан

Руте: Алијансата била, е и ќе биде камен темелник на нашата колективна безбедност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе