Вести Македонија Најважни

Се наѕираат контурите на новата влада

Попладнево треба конечно да бидат познати контурите на новата влада. Раководните органи на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги утврдат нивните предлози за министри со што ќе се комплетира составот на идната влада за која треба да се гласа во Собранието наредната недела.

Пред изборот на владата, Собранието изгласа реформи со кои бројот на министерства се зголемува од 16 на 20. Сè уште е непознато уште колку министри без ресор или вицепремиери ќе има во владата.

Нови министерства се тие за спорт и за енергетика. Министерството за информатичко општество и администрација се подели на Министерство за администрација и Министерство за дигитална трансформација, а секторот за евроинтеграции во владата станува министерство. Други министерства претрпеа внатрешни промени.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги соопшти нивните предлози за одбрана, внатрешни, надворешни работи, финансии, земјоделство, образование, локална самоуправа, култура, енергетика, дигитална трансформација, и за спорт. Според досегашните информации, министерството за односи меѓу заедниците ќе заврши во рацете на помалите коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ – Демократската партија на Србите или Социјалистичката партија на Македонија, а тие може да добијат уште едно место во владата со помало значење.

За МВР најгласно се споменува името на досегашниот технички министер Панче Тошковски, градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцински е во игра за министер за надворешни работи, а партиската потпретседателка Гордана Кочоска за министер за финансии. Партиските потпретседатели Александар Николоски и Владо Мисајловски се споменуваат како нови министри за транспорт и врски и за одбрана, а за тоа место во игра е и Игор Јанушев. Сања Божиновска се спомнува како министерка во новиот ресор енергетика, а Цветан Трипуноски во земјоделие. Весна Јаневска е сериозен кандидат за министер за образование, актерот Зоран Љутков за култура и туризам, Стефан Андоновски за дигитализација, а ракометарот Борко Ристовски за спорт.

Седниците на Централниот и на Извршниот комитет во партијата треба да стават крај на шпекулациите.

Коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ веќе ги соопштија нивните предлози за министри.

ЗНАМ ги доби министерствата за правда и за администрација, а во фотелјите седнуваат Игор Филков и Горан Минчев.

Движењето Беса ги доби социјална политика, демографија и млади, каде што министер ќе биде Фатмир Лимани, и министерството за економија и труд каде што ќе седне Бесар Дурмиши.

Алтернатива го предложи поранешниот директор на МЕПСО Орхан Муртезани за нов министер за европски прашања, а Арбен Фетаи треба да биде вицепремиер за добро владеење.

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити најави дека ќе биде министер за екологија и прв вицепремиер, а Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ќе биде министер за здравство.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе