Вести Култура

Недостасуваат настани од културата во Тетово

По неколку театарски претстави годишно, концерти се поретко, а кино сали воопшто и нема. Жителите на Тетово немаат голем избор кога се работи за настани од култура, а за младите остануваат само кафулињата.

Нема кино, ретко кога има театарски претстави, сепак на Тетово му преостануваат само кафулињата, а тоа не помага многу на младите луѓе и сметам дека културата треба да се подигне на повисоко ниво, велат жителите.

Во изминатите 4 дена невладината Центар за балканска соработка Лoja по 13-ти пат го организираше интернационалниот филмски фестивал „Watch out“ со проекции на отворено, во амфитеатарот на Музејот на КПМ.

Според интересот на посетителите, организаторите велат дека на градот му треба кино, но и повеќе културни настани, а има неколку локации кои можат да се искористат.

Инаку, во Тетово освен Центарот за култура, треба да започне со работа и новиот Театар и библиотека, чие пуштање во употреба беше одложувано во неколку наврати, така што сѐ уште се работи на негово опремување.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе