Вести Македонија

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20-ти или 22-ри јуни

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков вечерва пред почетокот на седницата на ова партиско тело изјави оти очекува новата влада да биде ставена на гласање во Собранието околу 20 или 22 јуни.

На 18-ти претседателот Мицкоски ќе ги поднесе имињата на министрите, всушност ќе ја поднесе новата влада и очекувам околу 20-ти или 22-ви да дојдат на гласање во Собранието, изјави Љутков.

Тој не сакаше да ги коментира објавите во изминатиот период декаќе биде предложен за министер за култура и туризам, но оцени дека тоа Министерство ќе биде едно од помоќните во новата влада.

Со новата реорганизација која што беше изгласана пред некое време, ние работевме на фузирање на двата сектора култура и туризам и мислам дека ќе биде едно од помоќните министерства на новата влада, рече Љутков.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе