Вести Македонија

Училишните дворови во Тетово и ова лето ќе бидат паркиралишта

Со одењето на учениците на распуст, училишните дворови во Тетово добиваат друга намена, стануваат паркиралишта. Паркинг недостасува постојано, но „борбата” за место плус е очигледна во летните месеци, кога се зголемува бројот на возила со доаѓањето на исселениците.

И претходната и сегашната општинска власт ја практикуваат оваа привремена мерка, но според граѓаните не е доволно.

Сѐ уште се чека на ветените катни гаражи, а сообраќајниот метеж станува секојдневие поради големиот број на возила и тесната патна инфраструктура.

Освен отворањето на училишните дворови и предлогот за еднонасочни улици, за растеретување на сообраќајот во летниот период, од Општината немаат конкретен одговор кога ќе се преземат активности за зголемување на бројот на паркинг места.

Велат ќе се прави нова физибилити студија за оправданост за воспоставување на јавно-приватно партнерство за давање услуги на паркирање, кое, пак, според студијата од мај минатата година, треба да ја подобри состојбата.

Се консултиравме со правниците на Општина Тетово и увидовме дека таа е стара физибилити студија и дека треба да се направи нова физибилити студија, да се направи јавна дебата па да се стави на дневен ред, рече претседателот на Советот на општина Тетово, Бесар Дурмиши.

Од сообраќајната полиција велат дека преземаат мерки за да се овозможи нормален и тековен сообраќај. Недоволниот број паркинг места, но и поради недостаток на сообраќајна култура, возачите се паркираат во двојни редови на тротоари, во зона на крстосници и слично, за што се изречени голем број казни.

Во изминативе 5 месеци од јануари до мај месец од наша страна се преземени запгрешно и непрописно паркирање околу 1 397 мерки, односно прекршочни налози и со пајак служба биле подигнати 728 возила кои директно овие возила го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, вели Камбер Бакији, заменик командир во ПС БПС Тетово.

Околу 50.000 возила се регистрирани во тетовскиот регион, а во летниот период бројот на автомобили кои се движат во градот дополнително се зголемува со доаѓањето на иселениците.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Доналд Сатерленд- канадското уметничко засилување на холивудскиот филм

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

Дејан Дејан

Свесна стратегија за нов геополитички и евроинтегративен ќорсокак или излезна по „гафот“ на Силјановска – аналитичарите во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе