Вести Македонија

САД ѝ се заблагодари на Македонија за достигнатите 2% БДП за одбраната

САД и се заблагодари на Македонија за тешките одлуки со кои постигнала да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Американската амбасадорка во НАТО, Џулијан Смит, во интервју за МИА најави дека веројатно следната недела НАТО ќе објави нов извештај кој ќе покаже дека околу две третини од членките на Алијансата сега трошат над два проценти од БДП за одбрана, што според неа, е важно бидејќи значи дека сојузниците можат да ги исполнат своите обврски.

Овде сакам навистина да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија. Ова е земја што донесе навистина тешки одлуки за да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Северна Македонија е сега над прагот, над два процента и ги поздравуваме тие напори и сите земји што го направија тоа, изјави Смит.

Шефовите на држави и влади на НАТО во 2014 година се согласија на издвојување од два проценти од националниот БДП на трошоците за одбрана, за да помогнат да се обезбеди континуирана воена подготвеност на Алијансата. Одлука беше донесена како одговор на анексија на Крим од страна на Русија и во услови на поширока нестабилност на Блискиот Исток.

Смит во интервјуот информираше дека на Самитот ќе бидат промовирани и „голем број нови политики“ поврзани со сајбер безбедноста. Меѓу новите политики се очекува да биде промовирана и политката со која Членот 5 на НАТО, кој предвидува дека напад врз еден членка се смета за напад врз сите членки и ќе бидат преземи сите неопходни активности за да му помогне на нападнатиот сојузник, во иднина ќе може да се примени и за некој вид сајбер напад.

Сајбер безбедноста останува клучна карактеристика на нашата работа во рамките на Алијансата. Внимателно следете го Самитот, мислам дека ќе видите четири-пет нови политики. И секако Северна Македонија ќе има корист од тие политики и ќе придонесе со своја експертиза во рамките на Алијансата, вели Смит.

Амбасадорката на САД во НАТО, во пресрет на самитот на Алијансата кој треба да се одржи во јули во Вашингтон, на кој ќе се одбележат 75-години од северноатлантскиот сојуз, најави да на него ќе се отворат многу теми меѓу кои за Украина, при што таа и се заблагодари на земјава за нејзиниот значителен придонес за украинските сили и за народот на Украина.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Доналд Сатерленд- канадското уметничко засилување на холивудскиот филм

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

Дејан Дејан

Свесна стратегија за нов геополитички и евроинтегративен ќорсокак или излезна по „гафот“ на Силјановска – аналитичарите во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе