Вести Македонија

Петти меѓународен транспорт на медицинскиот хеликоптер

Попладнево  од Турција до Скопје беше изведен меѓународен транспорт со медицинскиот хеликоптер, кој околу 17 часот слета на хелиодромот во Болницата „8 Септември“ со млада пациентка.

Транспортот беше изврешен на барање на семејството, а 23 годишната девојка ќе го продолжи лекувањето во болниците во земјава, откако во Истанбул имале неколку неврохируршки интервенции на главата.

Третманот Беше повеќемесечен во болницата во Истанбул. Таа е префрелена во Скопје на бaрање на семејството за понатамошен постоперативен третман, рече директорот на ГОБ 8 Септември, Христијан Костов.

Ова  е петти меѓународен транспорт на медицинскиот хеликоптер.

Начинот на барање на медицинскиот хеликоптер е преку бројот 112, односно преку ЦУК, каде се поднесува таа пријава. Досега хеликоптерот се користи од нашата држава кон европските болници, или пак обратно кон нашите болници, вели Костов.

Медикоптерот е опремен со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти, а беше ставен во функција минатата  година.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Доналд Сатерленд- канадското уметничко засилување на холивудскиот филм

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

Дејан Дејан

Свесна стратегија за нов геополитички и евроинтегративен ќорсокак или излезна по „гафот“ на Силјановска – аналитичарите во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе