Вести Македонија

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива Орхан Муртезани, едногласно е избран за кандидат на партијата за министер во Министерството за европски прашања, соопштија од партијата.

Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и  потпретседателка на Алтернатива, стои во соопштението.

На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива, соопштија од партијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Доналд Сатерленд- канадското уметничко засилување на холивудскиот филм

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

Дејан Дејан

Свесна стратегија за нов геополитички и евроинтегративен ќорсокак или излезна по „гафот“ на Силјановска – аналитичарите во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе