Вести Македонија

Мицотакис прави реконструкција на Влада, откажана денешната владина седница

Претпладнево портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис ќе го соопшти новиот владин состав, како што информираа од Премиерската палата, а владината седница закажана за денеска во 11 часот е одложена.

Во изминатите денови сè погласни беа сценаријата дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис планира да направи реконструкција на Владата по европските избори во неделата, а Маринакис и на вчерашниот брифинг со новинарите уште еднаш повтори дека „реконструкцијата е ексклузивна привилегија на премиерот“.

Грчкиот премиер во интервјуто за телевизијата „Алфа“ во вторникот, категорично го отфрли прашањето за предвремени парламентарни избори во земјата, објаснувајќи дека актуелната Влада има „силно мнозинство и силен четиригодишен мандат“, а во однос на сценаријата за реконструкција на Владата во следните денови, Мицотакис посочи дека планираната и закажана владина седница в петок „ќе биде со актуелниот состав“.

Денешната владина седница од вчера беше официјално соопштена од кабинетот на Мицотакис, а утрово информираа дека во тек е реконструкција и се одложува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе