Ние, со оглед дека во изминатите четири-пет години ја следиме работата на судскиот совет и советот на јавни обвинители, апелиравме и уште стоиме на ставот дека најдобрата опција за судскиот совет е секој член да си поднесе оставка како личен чин, рече Ивана Петковска од Коалиција „Сите за правично судење“ во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Постоеше опцијата за интерпелација на членовите на судскиот совет, меѓутоа само за тие кои се избрани од редот на собранието. Не и за членовите на советот кои што доаѓаат од страна на судиите, затоа што тие легитимитетот го црпат од изборите, односно од судиите кои што ги избираат“, истакна Петковска.