Вести Македонија Најважни

Мечка изела шест овци во село Равен, известува ЦУК

На бројот за итни случаи 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

  • Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС – Гостивар, наведуваат од ЦУК.
Како што додаваат, по утврдувањето на состојбата на терен, ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и од локалната самоуправа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе