Вести Култура

Конечно со своj простор по 77 години кираџии – ДЛУМ го промовира новиот дом во трајна сопственост

Со иновативен артистички пристап и отворање на изложбата „Поместени граници“, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) го промовираше новиот простор. Нов дом и ново поглавје за ДЛУМ на булевар „Илинден“ бр. 63 по повеќе од 77 години, доколку се земе предвид дека и покрај тоа што е најстарото здружение во оваа област, немаа свој простор и беа на некој начин кираџии.

Концептот на „Поместени граници“ во кој ликовните уметници ги истражуваат различните конотации на границите, без разлика дали се физички, дали, реални, политички, дали емотивни и имагинарни е мултидисциплинарен и интердисциплинарен пристап кој ги надминува традиционалните граници, но и еден сосема поинаков пристап како може да ги видите делата во оваа изложба, низ стратешко поставување на QR-кодови низ просторот преку кои ќе се претстават делата на уметниците.

Дизајнот на креативата на проектот е дело на Христијан Санев, како и основната идеја на годинешната изложба.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе