Вести Македонија

Основците на настава без клима, родителите бараат прекин, а МОН само ги скрати часовите

Македонија со температури од 40 степени, а основците на настава во училишните клупи без клими. Учебната година ќе трае до понеделник 17-ти јуни. Родителите се огласија со коментари на социјалните мрежи, дел од нив бараат прекин на наставата поради топлотниот бран, а дел од нив сметаат дека вака е правилно.

„Распуст беше три работни дена, а годината ја продолжија за пет дена. Заради изборите демек, а никој не ги одработи тие два дена, децава ќе седат на 40 степени да се препотуваат“, напиша еден корисник.

„Нема поубаво од пролетен распуст. Низ цела Европа го има и често е дури и две недели. Освен тоа има истражувања кои покажуваат дека на децата им треба почест одмор а не подолг одмор“, напиша друг корисник.

 Од Министерството за образование и наука не ја прекинуваат наставата, само одлучија да се оддржуваат скратени часови. Исто така дадоа и препораки за заштита од топлотниот бран согласно препораките на Центрите за јавно здравје.

Министерството за образование и наука препорачува:

 -Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови;

-Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;

-Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода;

-Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Оваа учебна година основците и средношколците за прв пат имаа пролетен распуст кој траеше од 26-ти април до 6-ти мај. Поради тоа и крајот на учебната година  се продолжи до 17-ти јуни. Но, по барање на Сојузот на средношколци за средношколците учебната година заврши на 10-ти јуни, а основците останаа да учат до 17-ти поради исполнување на законската обврска за точен број работни денови.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе