Вести Македонија

Јован Митрески од СДСМ меѓу тројцата потпретседатели на Гаши?!

Досегашниот претседател на Собранието, Јован Митрески, најверојатно ќе  биде еден од потпретседателите кои ќе го менуваат Африм Гаши во отсуство. Одлуката не е конечна, но Социјалдемократите нема да се откажат од правото што им следува по закон, еден од тројцата собраниски потпретседатели да биде од опозицијата.

Во минатиот собраниски состав, тогашната опозиција одби да предложи кандидат, но на денешната координација е договорено, СДСМ да даде свој предлог, а другите двајца да бидат од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ. Изборот ќе биде во петок, до кога треба да се комплетира и составот на сите собраниски комисии.

Наскоро пред пратениците ќе се најде и Законот за локална самоуправа, кој предвидува, во општините чии градоначалници ќе стапат на повисоки функции, да нема избори. Од коалицијата „Вреди“ сè уште работат на него, но едно е сигурно, во него нема да има одредба за разрешување на градоначалниците кои ја злоупотребиле функцијата или не си ја вршат работата  како што треба.

За овој закон е потребно двотретинско мнозинство од пратениците.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе