Вести Култура

Изложба на фотографии „Украина: Воено злосторство“ во Мала станица

Секојдневно ги гледаме страотните снимки од Украина и трагичните судбини на луѓето на телевизиските екрани и на насловните страни, каде и да сте и низ какви и да се личните проблеми низ кои минувате, тие се врежуваат во вас, вели Кристофер Окиконе, фотограф на „Њујорк тајмс“, кој работи во Украина веќе десет години, во изминативе осум години и живее таму.

FotoEvidence и изложбата „Украина: Воено злосторство“ одат малку подлабоко, разоткривајќи ги мноштвото аспекти на воените злосторства, вклучувајќи повеќе од 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија, сведоштва за злосторство врз човештвото. Разрушени домови, разрушени семејства, убиства и тортура, слики кои ќе ве пратат сиот живот.

„Мислам дека за да разберете што се случува, при тоа свесен сум дека очигледно постојат и слепо проруски ставови и нив би им порачал да си го преиспитаат расудувањето. Доколку е личност која се обидува да најде нови одговори за се, меѓу кои се и оние со став Русија е виновна, но, кој и да биде посочен после тоа, но, САД, НАТО или Украина, што и да мислат дека го провоцирало сето ова, би ги поканил да ја погледнат изложбата и само едно прашање би им поставил Дали вредеше?“, изјава Кристофер Окиконе, фотограф на „Њујорк тајмс“.

Станува збор за фотодокази, вели Бачеванова кои се документација за кршење на човековите права.

„За мене е исклучително важно да се документира, користејќи ја фотографијата како средство кое сведочи за историјата. Во спротивно, имате ситуации во кои луѓето ќе речат нема фотографија, не се случило. Сеќавањата низ годините понекогаш стануваат кревки, затоа тука е фотографијата како сведоштво“, изјава Светлана Бачеванова, кураторка на изложбата и основач на FotoEvidence. 

Во поставката, која ќе биде вечерва отворена во „Мала станица“, се опфатени 60-тина слики кои се дел од книгата „Украина: Воено злосторство“ која ја објави FotoEvidence и брои 360 фотографии на 93 храбри фоторепортери од целиот свет, кои ги ризикувале своите животи, нудејќи трогателен доказ за тековната борба.     

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загреб: Пет пациенти со Легионерска болест, двајца во тешка состојба

Дејан Дејан

Седум лица загинаа во Ел Салвадор во одрони и несреќи предизвикани од обилните дождови

Дејан Дејан

Шел ја купува сингапурската компанија за течен природен гас Павилон Енерџи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе