„Безбедност на храната: подгответе се за неочекуваното“, вака гласи мототото на Светскиот ден за безбедна храна. Граѓаните со дилема дали навистина храната која ја конзумираат е безбедна и дали со годините станавме скептици, па и почитувањето на правилата да го гледаме како нешто што е неочекувано.
-Мислам дека не јадеме безбедна храна, особено кога купуваме по маркетите и токму таму е најнебезбедна храната. Знаете од кој аспект, затоа што таму пишува контролирано од овој, од оној. Меѓутоа кога ќе ги купите и отворите внатре има сѐ и сешто, можете да почувствувате секаков вкус. Дали вкус на компир, на некои други материјали и затоа мислам не јадеме баш безбедна храна. И секогаш читам декларации.
-Не сум сигурна и вака на пазари не сме сигурни. Доаѓаме, посвежо е она што го има, а од каде се носи не се знае. Најдобро е домашно, дома да имаш, да одгледуваш.
-Се е вештачко, многу работи се вештачки. Не може да се расипе за толку кусо време да се расипе храната. Јас имам 80 години и знам како било. Сум купила цреши вчера, вечерта веќе целите потемнеле. Немаме повеќе квалитет, велат граѓаните.
И додека граѓаните имаат сомнеж дали во Македонија храната која ја конзумираме е безбедна надлежните институции со смирувачки тон дека во континуитет се прават контроли на терен. Во текот на првите пет месеци од оваа година во внатрешен промет се извршени повеќе од 22 илјади инспекциски надзори.
Да, јадеме безбедна храна, квалитетот на храната го потврдуваат производителите или преработувачите оние кои се задолжени за тоа. И самата бројка на инспекциски надзори тоа го докаќува дека навистина нашите инспектори совесно си ја вршат работата, вели директорот на агенцијата за храна и ветеринарство Николче бабовски.
Ако Хрватска е прогласена за депонија на неквалитетна европска храна сметате дека ние сме побезбедни од нив?
Нашето законодавство, нашата регулатива во областа на храна и ветеринарство по самите извештаи кои ги добиваме секоја година, е една од рамките во законодавството која е најусогласена со ЕУ. Тоа покажува дека оние мерки кои се на сила за безбедноста на храната и здравјето на граѓаните на ЕУ владеат и кај нас, рече бабовски.
Според Бабовски се случува некои од земјите во ЕУ да ни вратат извезена храна и во вакви случаи грешката е најчесто во примарното производство, на нива, каде што се употребуваат одредени пестициди. И покрај тоа што во моментов во Агенцијата 180 инспектори совесно си ја вршат работата, Бабовски со апел до идната Влада за нови вработувања, затоа што недостигаат уште најмалку 40 инспектори за да може да се каже дека се работи со полн капацитет и компетентен кадар.
Нина Стефанова