Вести Македонија Најважни

За три недели откажани биле околу 2.000 операции, а меѓу нив и пациенти со тумори – велат лекарите

За неполн месец околу 2 илјади операции биле откажани поради затворањето на хируршките сали, меѓу нив и пациенти кои имале тумори, а летните одмори дополнително ќе ја пролонгираат листата за чекање на граѓани кои од цела држава доаѓаат на Клнички центар, вели урологот Башким  Шабани.

„Ние имаме пациенти со коишто еве, карциномот на проста имаме простор за чекање, но меѓутоа имаме тумори на мочен меур, тумури на бубрег коишто тие навистина не може да чекаат многу, бидејќи додека чекаат може да добијат метастаза од кои зависи и прогнозата на пациентите. Ние техничи веќе три недели не бевме во можност да направиме ниту една интервенција бидејќи беа блокирани салите бевме блокирани и немаше услови бидејќи ние не може да експериментираме со пациентите и ние дефакто немавме услови за да работиме’, вели Башким Шабани специјалист уролог.

Резултатите од Германија кои треба да ја откријат причината за затворањето на салите  се уште не се пристигнати, министерството за здравство даде наредба да се набават надворешни компресори за привремено да го решат проблемот со затворените операциони сали, трајното решение според Шабани е менување на целата компресорска станица и изградба на нов Клинички центар.

„Столбот на здравството во Македонија е Клиничкиот центар коишто ние за жал сме централизирана во смисла на нашата дејност, со тоа што за тоа требаше и порано да се мисли дека во периферијата мора некако да се направат услови и таму да се направат интервенции. Од друга страна ние доцниме со одржување на целиот почнувајќи од објектот и од системот на гасоводот што го имавме проблемот сега“, вели Башким Шабани специјалист уролог.

Операционите сали на Хируршките клиники почнаа со работа за сите пациенти, а не само за итните. Салите три недели беа затворени, а како преодно решение до решавање на проблемот со миризбата ќе работат со надворешни компресори и садови со компримиран воздух. А поради немање доволно надворешни компресори, операционите сали ќе работат во две смени.

Стручњаци од германска фирма со претставништво во Србија беа во контрола во компресорската станица и во операционите сали во хируршките клиники, по што треба да дадат препораки што да се прави. Од заеднички служби кои ги одржуваат системите тврдеа дека пред два месеци се расипал еден од компресорите и дека работат со останатите два и во ниту еден момент не запреле со работа. Според нив, проблемот можеби треба да се бара во операционите сали, зашто тие ги снабдуваат со компримиран воздух и кислород сите клиники, а миризба се појавува само во некои сали.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Ќе има одговорност за трагедијата во „Пулс“ – поднесени кривични пријави против функционери

Дејан Дејан

Во смртоносни поплави во Тексас загинаа 24 лица во летен камп – се трага по 20 деца

Дејан Дејан

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе