Вести Македонија Најважни

Палевски даде исказ во Обвинителството, негира поврзаност со кривичното дело

По околу седум часа заврши распитот на Љупчо Палевски Палчо во обвинителството на кој негирал било каква вина во грабнувањата и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, информираше за Телма неговиот адвокат, Марјан Витановски.

Палевски за прв пат се соочи со обвинителството по неговата екстрадиција на 15 мај во земјава.

Заврши распитот. прв пат се јавува пред обвинителот. Му се прочита содрижината на предлог за поведување на постапката и даде своја одбрана и одговори на сите наоди на самиот предлог. Ќе доставиме до обвинителството докази за потврда на неговата одбрана, дека нема врска со конкретните кривично правно настани  и дека нема врска ни со останатите обвинети во таа постапка, посебно дека нема никаков договор постигнат со нив заради сторување на кривичните дела и ја негира воопшто неговата вмешаност во овие кривични дела и децидно тврди дека тој не е убиецот на малолетната Вања и пензионерот Панче, рече адвокатот витановски.

Како причини поради кои е посочен како осомничен во постапката Палевски, како што наведува неговиот адвокат, навел дека се работи за претходни непријателства и политички недоразбирања со определени претставници од власта.

Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција, а меѓу кои имало и документи.

Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки во Шуто Оризари, бидејќи му беше определен притвор во отсуство. За прв пат со јавноста се соочи по неколку дена кога во Кривичниот суд се произнесе за околностите за неговиот притвор. Тој изјави дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење. Но, не одговори на прашањето, каде бил на денот на убиството на Вања.

Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.

Се очекува оваа постапка потоа да се спои со судењето против другите обвинети, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Тие се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањето и убиствата.

Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Обвинет е и нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, кој се товари дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Тој тврди дека е невин, а неговата одбрана дека нема докази за делото за кое се товари.

Како организатор на грабнувањата и извршител на убиствата, обвинетите при нивното приведување го посочија Палевски.

Во меѓувреме се чека да помине рокот од 8 дена за приговор на обвинението за потоа Кривичниот суд да го одобри истото и во рок од 30 дена и да се закаже рочиште за случајот.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе