Бебе на петмесечна возраст и 2,5 годишно дете лекувањето со синдромот ХУС го продолжуваат во Белград, бидејќи во земјава нема центар за детска хемодијализа. Откако заболеле од бактеријата ешерихија коли, настанала реакција која потешко се лекува, односно Хемолитичкоуремиски синдром кој што ја нарушува работата на бубрезите. За првото дете веќе е утврдена инфекцијата од бактеријата, за второто сѐ уште се прават анализи за потврдување.
Се работи за две деца кај кои што дијагностициравме Хемолитичкоуремичен синдром на детска клиника. Тоа е многу ретко но многу сериозно заболување кое што ги засега децата и најчесто се јавува после некоја инфекција на гастроинтестиналниот тракт која што е предизвикана од бактеријата ешерихиа коли, појаснува професор доктор Светлана Кочева од Детска клиника
Едното дете e во потешка состојба и потребно е да се направи итна хемодијализа со која што се очекува да се надмине проблемот со бубрезите. Детето е 5 месечно и хемодијализа не може да се направи овде и се упатува за продолжување на лекувањето во друг центар. Кај второто пациентче кое што е во релативно добра стабилна општа состојба исто така треба да се почне постапка за хемодијализа тоа е на 2,5 годишна возраст и тоа е биде упатено за оваа процедура, велат Детска клиника.
Нема простор за паника од епидемија, уверува Кочева со оглед дека инфекциите се чести кај децата, но само незначителен процент развиваат ХУС – синдром.
ХУС синдромот не е заразна болест тоа е последица на претходна инфекција на гастро интестиналниот тракт предизвикана од бактеријата ешерихија коли. Не сите деца ќе развијат ХУС по гастроентероколитис предизвикан од ешерихија коли. Тоа е ретка компликација како резултат на токсично оштетување на бубрезите и крвните клетки.Инфекцијата на гастроинтестиналниот тракт може да се пренесува како и секоја друга инфекција до колку не се преземаат соодветни мерки за заштита од инфекција, велат од детската клиника.
Ешерихија коли подлежи на мерките за заштита како што личната хигиена, храната може да биде контаминирана и затоа е потребно внимание, укажува Кочева.
Павле Беловски