Вести Македонија

Цветановска: Распуштањето на Судскиот совет ќе постави опасен преседан и дополнително ќе ја наруши довербата во правосудството

Уставот многу јасно и децидно наведува колку е мандатот на избраните членови на Судскиот совет, и не можете нешто што е во Уставот напишано да г доуредите со закон, смета претседателката на македонското здружение на млади правници, Александра Цветановска. Во вечерашното издание на Вин Вин на Телма, Цветановска оцени дека најавеното распуштање на Судскиот совет ќе постави опасен преседан.

Не само што ќе биде преседан, туку мислам дека ова ќе придонесе на тоа да некако веќе нарушената доверба во правосудството уште повеќе се наруши. Министерот во дописот наведува дека негова идеја било, ние како граѓански организации повикавме на колективна оставка и тоа е сосема различно. После случувањата на 26 април минатата година во Судскиот совет со разрешувањето на претседателката и после тоа озаконувањето на незаконитото на 4 мај, на седница од која што ја исклучија јавноста, после тие сите скандалозни случувања во Судскиот совет и ние како граѓански организации повикавме на оставка. Но, колективна оставка е едно, како морален и етички чин, а сосема друго е вие едно тело за кое во Уставот е наведено, нели, мандатот, како се избираат членовите, да со закон ги разрешите сите членови, рече Цветановска.

Таквото разрешување, кое во јавноста се третира како реваншизам, според поранешната уставна судијка Маргарита Цаца Николовска, во никој случај нема да доведе до подобрување на имиџот на правосудството.

Кога зборувам правосудство, не мислам само за судии, тука се и обвинители, адвокати, тука е целокупната онаа сфера која што е инволвирана во правораздавањето. Она што Судскиот совет како тело го прави, важно, како тело кое што е признато, не зборувам за имињата на членовите на Судскиот совет, меѓутоа како орган е нешто кое што секаде на некој начин во Европа и пошироко веќе почнува да се препознава како нешто што е основен елемент за гаранција на независноста на судството. Зошто? Прво затоа што поголем број на судии се членови во овој Судски совет, и тие истите одлучуваат за избор на членови и второ што доаѓа и некој од страна којшто не е судски професионалец, меѓутоа може да учествува во она што значи градење на независноста и поддржување на независноста и непристрасноста, рече Николовска.

Таа смета дека со текот на годините од воведувањето на Судскиот совет како орган, во Законот за Судски совет биле направени измени кои ја подобриле неговата работа, и најави дека експертската група ги финализира предлозите со кои ќе се елиминираат многу од недостатоците.

Ние имавме двајца судии членови на Судскиот совет кои што поднесоа оставка по овие настани, ние имавме и ситуација кога член на Судски совет беше избран врз основа на гласање само на пет луѓе, и неговиот глас вклучувајќи го шест гласа, од 16 судии на Врховниот суд. Според мене легитимитетот тука беше навистина доведен во прашање, не дека тој формално правно не можеше да биде избран, меѓутоа факт е дека со еден глас по сегашниот закон може да стане член на Судскиот совет. Во измените кои се подготвуваат и да кажам веќе завршени, таквите можности се елиминирани, а тие се и резултат, значи не е само резултат на експертската група, ние како граѓански организации укажувавме на ова пред да биде дојдена експертската група да го оценува законот, рече Цаца Николовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе