Ракомет Спорт

Билетите за ракометното СП во Вараждин чинат од 50 до 70 евра

Сите љубители на ракометот од денеска можат да купат билети за натпреварите на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство што ќе се одржи во јануари идната година. Македонија во групната фаза ќе се натпреварува во хрватскиот град Вараждин.

Денеска стартуваше продажбата на билетите за ракометниот мундијал, а цената изнесува од 50 до 70 евра за еден ден во зависност од местото на седење. Тоа значи дека ако еден македонски навивач сака да купи билети за сите три натпревари на нашиот тим од групната фаза ќе мора да издвои од 150 до 210 евра. Во салата во Вараждин за македонските навивачи резервиран е секторот К, а билетите можат да се купат на интернет страницата улазнице.хр.

Македонија се натпреварува во рамки на групата Д, па на 15 јануари во 1.коло ќе се соочиме со Унгарија, два дена подоцна играме со Холандија, додека во последното коло на 19. Јануари ќе ги одмериме силите со Гвинеја. Првите три репрезентации од групите одат во главната фаза, а освен Хрватска, турнирот се игра и во Данска и Норвешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе