Вести Македонија

Од утре започнува полагањето на државна матура во Македонија

Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопштиja од Министерството за образование и наука.

Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав на училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар.

Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори.

Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе