Култура

Друштвото на писатели на Македонија утре на редовно Изборно собрание ќе бира претседател и членови на органите

По две неуспешни вонредни изборни собранија, заради немање кворум, Друштвото на писатели на Македонија утре на редовно Изборно собрание ќе избира претседател и членови на новите органи и тела. Потпретседателот Зоран Анчевски е оптимист, дека со тоа ќе заврши кризата во Друштвото , која започна лани есента. Право на глас , имаат 108 активни членови, кои платиле чланарина. Новитет е што со Предлог – измените на Статутот на ДПМ, повеќе нема да постои Претседател на Собранието како орган што ќе управува, туку тој ќе се бира на самото Собрание, за да го води до изборот на новите органи . А, членството ќе гласа за еден од петтемина кандидати за претседател на ДПМ: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска- Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски.

  • Сега имаме ажуриран регистар на членови, кој има 108 активни членови . Што значи цензусот, односно форумот за Собранието ќе биде 55 членови како мнозинство , а инаку овие 108 членови имаат право на глас, што ќе го искористат утре на Собранието. Испратени се покани до сите активни членови на Друштвото , со сите неопходни материјали , вклучувајќи ги кандидатурите , поканата, дневниот ред, како и предлог- измените и дополнувањата на Статутот на ДПМ, како и пречистениот текст на самиот Статут , кој што треба да се гласа. Според новиот Статут, претседател на Собранието не  е функција , односно орган  на управа на ДПМ. Туку претседател на Собранието се бира  на самото собрание , тој ќе ја води седницата. И неговата функција завршува со завршувањето на Собранието. Оптимист сум како и секогаш дека оваа непријатна ситуација , која што се влече повеќе од 6 месеци, ќе заврши, кажа потпретседателот на ДПМ, Зоран Анчевски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе