Вести Култура Македонија

Влатко Стефановски: Секој концерт со Мирослав Тадиќ за мене е мал празник

Секој концерт со Мирослав Тадиќ за мене е мал празник. Ова го кажа нашиот виртуоз на гитара, композитор и пејач, Влатко Стефановски, за неговиот српски колега со американска адреса, Мирослав Тадиќ, пред двата закажани концерти во објектот на Филхармонијата, викендов што претстои. На концертите Стефановски и Тадиќ ќе го изведат материјалот од нивниот заеднички албум со инстументални верзии на македонски народни песни „ Трета мајка“, снимен пред 20 години. Тогаш албумот беше издаден на компакт диск од “Авалон продукција“, а неодамна е објавено второ издание на винил, чиј подлиценцен издавач е „ Скардона“. Со овој настан „ Авалон продукција“ го започнува циклусот светски концерти, а Стефановски одбележува половина век музичка кариера, со план наесен да објави нов албум со неговото трио и книга мемоари.

  • Секој концерт со него е мал празник за мене. Затоа што ние функционираме на некој чуден начин. Без многу вербална комуникација, без многу договарање, без многу вежбање, без многу проби. Ние така го снимивме и „ Крушево“. Така ја снимивме и „ Трета мајка“, кажа гитаристот, композитор и пејач , Влатко Стефановски.
  • Се работи за едно навистина монументално издание, кое можеби Влатко ќе се сложи со мене, а можеби не, сепак својата вистинска слушателска димензија ја добива на винил. Значи, мислам дека не е исто „ Трета мајка“ да се слуша на CD и на винил, рече Бобан Милошески од „ Авалон продукција“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе