Вести Избори 2024 Македонија

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар.

Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно место во неговата програма, ги вреднувал и наградувал талентираните поединци, притоа поттикнувајќи ги да продолжат да творат и да се надоградуваат како личности и како професионалци.

  • ,,Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности” рече Пендаровски.

Тој денеска побара поддршка од младите гостиварчани и ги повика на 8 мај да го заокружат бројот 1, за како што истакна, заеднички да го продолжат патот по кој се движи Македонија во последните неколку години и на нивните врсници да им овозможат подобри услови за егзистенција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Муцунски: Во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

Дејан Дејан

За опозицијата буџет за луксуз, за власта за стабилност – почна расправата за ребалансот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе