Вести Избори 2024 Македонија

Пендаровски од Тетово: Нашите концепти не се разликуваат во нијанси, нашите концепти се драстично различни

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван низ земјава денеска имаше средби со граѓаните во Желино и во Тетово. Тој на граѓаните им порача да не ги обесхрабруваат бројките од првиот круг на претседателските избори, потенцирајќи дека станува збор за дијаметрално спротивни понуди од двајцата кандидати за претседател.

-Значи станува збор за дилема која е суштинска, нашите концепти не се разликуваат во нијанси, нашите концепти се драстично различни. Тие предлагаат ревизија на сите документи врз кој почива државата, стабилноста безбедноста и нејзиниот економски просперитет и тие предлагаат ревизија на сите документи кои нè направија членка на НАТО, и земја која преговара со ЕУ. По сите основи, нашите меѓуетнички односи интеграцијата во евроатлантските структури, ние нудиме концепт кој е проверен, досега гледате каде стигнавме. Дали тоа беше со задоволително темпо? Се разбира дека не беше, знаете дека имаше надворешни блокатори од нашите соседи, сопки на секој чекор, сопки и од внатрешната опозиција, политичка опозиција олицетворена во најголемата опозициска партија, рече Пендаровски во Тетово.

Тој порача граѓаните да не подлегнуваат  на политичките манипулации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе