Вести Култура

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат, вели истакнатата бугарска режисерка со европска кариера, Диана Добрева. Таа, денеска и утре одржува работилници во Велешкиот театар, со цел да избере актери од Македонија за претставата „ Без крв“, која е дел од меѓународниот проект „ Манифест“, во кој покрај театарот од Велес, учествува и Драмскиот театар од Пловдив- Бугарија. Премиерата на претставата е планирана за 10 септември на фестивалот „ Сцена на крстопат“ во Пловдив, а потоа ќе се игра во Македонија.

По претставата „ Едвард Втори“, минатата година, Народниот театар „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес , од денеска ги започнува подготовките за претставата „ Без крв“, со која го продолжува двегодишниот меѓународен проект „ Манифест“, во кој како копродуцент е вклучен и Драмскиот театар од Пловдив- Бугарија. Подготовките денеска и утре ќе бидат преку работилници за избор на 5 актери од Македонија. А, селекцијата ќе ја напрви истакнатата бугарска режисерка со европска кариера, Диана Добрева. Таа и е позната на скопската публика по постановката на Шекспировиот „ Магбет“ во Албанскиот театар, пред 9 години.

  • Сметам дека таа културна размена е многу важна за нашите држави, за Бугарија и за Македонија. Зашто сметам дека културата, поточно театарот, е патот по кој најбргу, најсрдечно и најсилно двете држави можат да се обединат и да се сплотат, што е редно да се случи, вели режисерката Диана Добрева.
  • Целта на проектот „ Манифест“, е преку два афтентични ракописи на исклучителни театарски режисери, да се обидеме да ја поставиме парадигмата за она, што денес нам ни значи современиот театар, вели Сашо Димоски, директор на НТ „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес.

Претставата „ Без крв“ ќе биде изведена според текстот на долгогодишниот соработник на Добрева , Александар Секулов. Тој го напишал по мотиви од истоимениот роман на италијанскиот писател Алесандро Барико. Но, ако во романот, простувањето за бруталното убиство на таткото и братот е еден од мотивите на главниот женски лик, во претставата тоа е љубовта, вели Секулов.

  • Простувањето е пасивна состојба, љубовта е активна состојба. Така што, основната цел и основната мисла која што ќе биде следена при работата по текстот, е дека само љубовта ги затвора раните и не ја повторува болката, иако има белег, вели Александар Секулов, автор на текстот.

Покрај петмината актери, целиот авторски тим за претставата е од Македонија. Пробите ќе се одржат во Пловдив, а премиерата е планирана за 10 септември, на тамошниот меѓународен театарски фестивал „ Сцена на крстопат“. Потоа претставата ќе се игра во Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе