Вести Магазин

„Ров 94“- најголема воена нуклеарна гробница во светот

На англиски се вика „Trench 94“, а во овој ров денеска се складирани, повеќе од 130 бетонски буриња кои содржат опасни материи со исклучително високо ниво на радијација.

Станува збор за локација со возбудливо име во нуклеарниот резерват Ханфорд во државата Вашингтон, на околу 30 километри од Тихиот Океан. Тоа е последното место за погреб на нуклеарните реактори на морнарицата, пишува магазинот ПопуларМеханикс.

Празните, радиоактивни реактори се исечени од пензионирани нуклеарни подморници и се складирани во Тренч 94. Бурињата и реакторите складирани таму ќе бидат опасни и наредните 1.000 години.

Морнарицата на САД се гордее со изградбата на подморници на нуклеарен погон кои без напор талкаат и нуркаат низ светските океани. Меѓутоа, штом пловилото ќе биде испишано од американската морнарица, реакторот мора да оди некаде. Тоа, некаде, е местото Ханфорд, федерален објект длабоко во пустите источни предели на државата Вашингтон.

Со секое „пензионирање“ на нуклеарна подморница, овие гробишта се зголемуваат. Секој нуклеарен реактор во подморница има рок на траење од околу две децении по што се исфрла од употреба. Нуклеарното гориво овозможува непрекинато користење на подморницата.

Во текот на изминатите четири децении, постојано имаше прилив на деактивирани нуклеарни подморници. Нуклеарното гориво се отстранува и се испраќа во Националната лабораторија Ајдахо. Подморницата се сече,  а делот во кој е сместен реакторот се отстранува со оловната заштита на реакторот, збогатена со Inconel 600, метална легура која е отпорна на температура, но е отпорна и на радијација, ја опишува постапката магазинот ПопуларМеханикс.

Процесот се одвива во бродоградилиштето Puget Sound во Бремертон, Вашингтон. Цилиндричните, уредно исечени „суви буриња“ потоа одат на последното патување, од океанот, впловуваат по текот на реката Колумбија. Водениот пат на опасните реактори завршува во речното пристаниште Бентон, а потоа со камиони се носат на гробиштата во  Ханфорд.

Објектот Ханфорд, е управуван од Министерството за енергетика на САД, а основан е во 1943-та година како поддршка на проектот Менхетен, во чии рамки по истражувањата беа произведени атомските бомби фрлени во Хирошима и Нагасаки. Сега е попознат како гробница на нуклеарните реактори, а како изгледа може да се види и преку сервисот Google maps.

Откако ќе пристигнат во Ханфорд, бурињата се преместуваат во „Ров 94“, ров на отворено кој е долг 1.000 метри. Во моментов, има 136 буриња видливи на „Гугл мапс“, секое е остаток од брод на нуклеарен погон, а уредно се распоредени во пет реда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе