Магазин

Почина југословенската поп дива Слаѓана Милошевиќ

(ФОТО: Албум „Неутрален дизајн“)Познатата пејачка ѕвезда од Белград, Александра Слаѓана Милошевиќ почина на 68-годишна возраст во Србија.

Поп-дивата која најголемите моменти во кариерата ги постигна во 80-тите години од минатиот век почина од тешка инфекција на белите дробови во болницата во Земун. Пред три години и беше дијагностицирана ретката автоимуна Сјегренова болест.

Беше позната како пејачка која ги рушеше табуата во тогашната Југославија. Еден од поголемите хитови и беше песната „Мики, Мики“ која се уште може да се чуе и на македонските радио станици. Со песната „Амстердам“ во 1979-тата година се обиде да стигне до Евровизија, но не успеа да победи на националниот натпревар.

Својот култен статус го „спечали“ со песната „Секси дама“ со стихови и музички стил кој ја размрда и музичката и општествената сцена во комунистичка Југославија. Песната беше забранета на многу радио станици и телевизии во Југославија.

Во 1983-тата замина во Германија за да направи и интернационлана кариера, ја формираше групата „Neutral design“ и го издаде истоимениот албум со песни и на германски и на српско-хрватски јазик.

Во кариерата долга 3 и пол децении беше позната по бескомпромисниот пристап на поп музиката и авангардниот музички стил. Ја почна музичката кариера на 19-годишна возраст, а настапи и на легендарниот концерт на „Бијело Дугме“ во паркот Ајдучка чешма во близина на Белград. Тогаш како предгрупа го испеа хитот „Ау, Ау“.

Поп дивата на поранешната држава исто така бриљираше и на уште домашен југословенски настап за Еуровизија кога со Дадо Топиќ ја испеа песната „Принцеза“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

Најдолг избор на Папата траел три години – го избрале откако граѓаните го срушиле кровот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе