Вести Македонија

Глаукомот е втора причина за слепило на светско ниво, на прво место е катарaктата

Глаукомот е втора причина за слепило на светско ниво, на прво место е катарктата , порачаа офтамолозите кои минатата недела се вклучија во бесплатниот скрининг на населението за мерење на очниот притисок.

Раководителот на катедрата за офтамологија при Факултетот за медицински науки при УГД-Штип, Страхил Газепов истакна дека  оваа болест е подмолна и затоа е потребно граѓаните да си прават превентивни прегледи.

Лекарите забележуваат дека очниот притисок  има генетска компонента, но и модерниот начин на живот, кој носи стрес, како и немање на доволна физичка активности придонесуваат за појава на глаукомот.

Офтамолозите во рамките на Неделата на борба против очниот притисок порачаа  дека скринингот е со цел во почетна фаза да се открие очниот притисок, со соодветна терапија да се одржи нормална тензија во окото и да не се изгуби видот кај пациентот.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе