Вакцините против големата кашлица за возрасни пристигнаа во Македонија. Од денеска сите кои сакаат можат да се имунизираат. Вакцините не се задолжителни, но се препорачуваат на двајцата родители кога планираат да имаат бебе, или веднаш штом ќе се роди бебето, на возрасните лица кои работат со мали деца, посебно здравствените работници и вработените во установи за дневен престој на деца.
„Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба за таков вид на ревакцинација“, изјави Илир Демири, министерот за здравство.