Вести Македонија Најважни

Столтенберг: Поддршката за НАТО во Македонија е висока

Околу 63% од граѓаните на Македонија сакаат земјата да остане членка на НАТО, а 64% се уверени дека членството ја намалува веројатноста нивната земја да биде нападната. Ова се дел од податоците во годишниот Извештај на  Генералниот секратар на НАТО Јенс Столтенберг за 2023 година.

Доколку би се гласало дали сте „За“ или „Против“ членството во НАТО, за земјата да ја напушти Aлијансата би гласале 24 отсто од граѓаните, а исто толку остануваат воздржани по однос на ова прашање.

Како и во 2022 година, на глобално ниво 82% од граѓаните веруваат дека е важна соработката меѓу Северна Америка и Европа за безбедносни прашања. Македонија е меѓу земјите каде што мнозинството смета дека оваа сорабoтка е „важна“.

Во извештајот се додава и дека Македонија е една од 18-те земји членки кои од годинава го исполнуваат критериумот на НАТО за одвојување на 2% од БДП за одбрана. Според МО, од 2024 година се издвојуваат 2,05 проценти од македонскиот бруто-домашен производ или 327 милиони евра за одбранбениот буџет на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе