Вести Македонија

Отворена изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“ по повод Денот на италијанскиот дизајн

140-годишнината од првото издание на „Авантурите на Пинокио – Приказна за куклата“ од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот е инспирација за проектот на истакнати италијански дизајнери и графички дизајнери да ја редизајнираат најпознатата кукла на светот низ изложбата  „Најдрагиот Пинокио“.

„Ние сме многу горди на Пинокио, тоа не е само италијански мит, туку детска икона позната ширум светот. Книжевно дело кое е преведено на 260 јазици,  „Авантурите на Пинокио“ е втора најпреведувана книга во светот. Благодарение на професор Анастасија Ѓурчинова од Катедрата за италијански јазик и книжевност при УКИМ и нејзината студентка Марија Муратовска знаеме дека од осамостојувањето до денес има 11 преводи на ова дело на македонски јазик“, изјави амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

Срцето на „Најдрагиот Пинокио“ се 60 дизајн проекти од 30 дизајнери и 30 графички дизајнери. Зголемен, калеидоскопски, изненадувачки изглед, способен да ја раскаже приказната за моќта на италијанскиот дизајн да создава безвременски слики и предмети, прославувајќи го на тој начин митот за Џепето, првиот италијански дизајнер, ќе забележи Џулио Јакети куратор на изложбата.

„Тоа секако е прослава на ликот на Пинокио, но и на Џепето, неговиот творец кој знаел максимално да го искористи едноставното парче отпадно дрво, работејќи со одземање и доаѓајќи до апсолутна формална синтеза: цилиндар, сфера, конусот на капата и секако зашилено испакнување, односно да се добие сè од ништо и да се најде вредност дури и во тривијално парче остаток од дрво“, изјави Лука Мандонини, кокуратор и дизајнер.

„Изложбата ‘Најдрагиот Пинокио’ допира повеќе културолошки и хуманистички аспекти во основата на нејзиното креирање и презентација. Освен што е поврзување на две уметнички дисциплини – литература и дизајн, проектот оддава почит на легендарниот автор и неговото светски познато книжевно ремек-дело, неговиот иконично препознатлив лик Пинокио, како и другите ликови кои се поучен симболичен приказ на самиот живот и растењето и соочувањето со потешкотиите на животните моменти, делувајќи поучно во надминувањето на сите предизвици, и е модел за прифаќањето на различностите во животот, во културата и соживотот“, изјави Дита Старова Ќерими, директорка на Национална галерија на РСМ.

Во рамките на свеченото отворање на изложбата како признание за втемелени општествено одговорни културни практики, италијанскиот амбасадор Силвестри го врачи признанието “Витез на Редот Ѕвезда на Италија” на директорката на Националната галерија, Дита Старова Ќерими.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе