Вести Македонија Најважни

На прославата на 60 години Уставен суд, Аглер со порака- да престанат притисоците врз судиите во земјава

За воведувањето уставна тужба со која граѓаните наместо во Стразбур правда да бараат во уставен се согласи целиот државен врв. Тоа недостасува, за да продолжи  највисокиот суд да ја штити правдата на секој граѓанин. Свеченоста по повод јубилејот шест децении  дочекан во собраниска сала. Домашните говорници ја пофалија работата, а со директна порака амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер – знам за притисоци врз судии- веднаш да престанат порача Агелер.

Притисоците врз судската власт во Македонија мора да престанат. Независноста на судството е суштинското значење во обезбедувањето на транспарентно и правично општество порача Агелер по повод 60-годишнината на Уставен.

  • „Јас имам слушнато од многу од вас за притисоците коишто се ставени врз вас. Притисоците врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и се повеќе го бараат тоа“, порача Агелер.

Шест децении чувар на државноста, време е уставниот суд да му служи на секој граѓанин, говорејќи во насока на идните предизвици, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска одново ја посочи потребата од воведување на механизмот уставна жалба.

За ваквата иницијатива таа, како и претходно, доби безрезервна поддршка од шефот на државата Стево Пендаровски кој рече дека овој чекор ќе го зајакне системот за заштита на човековите права и слободи.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килијан Вал, со чија поддршка се организира денешниот настан, порача дека Мисијата ќе продолжи да го поддржува Судот за да продолжи да служи како цврст столб во заштитата на човековите права и владеењето на правото.

  • „Ние сме на оваа пресвртница кога го прославуваме минатото и гледаме со оптимизам кон иднината и колективно се залагаме за успешно патешествие на Уставниот суд. Мисијата на ОБСЕ во Скопје секогаш ќе биде ваш стабилен партнер што се потврдува со меморандумот за соработка склучен со Уставниот суд за да се зајакнат капацитетите на овој суд. Заедно со нашите партнери ќе го поддржуваме Судот кој ќе продолжи да служи како цврст столб за заштита на човековите права, владеењето на правото и демократијата во Северна Македонија“, порача Вал на денешниот јубилеј.

Под куполата во собранието се обратија и претседателот на Собранието, Јован Митрески, техничкиот премиер Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога, како и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер и заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, без разидување во говорите дека потребна е независност на овој суд заради неговата улога како коректор на законодавацот во заштита на правата на граѓаните.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе