Вести Македонија

Преписки во МВР – министерот издал наредби со едностран потпис, Владата му ги поништи

Владата поништи неколку наредби на техничкиот министер за внатрешни работи. Донел одлуки за распоредувања и прераспоредувања во МВР, но без врзан потпис.

Дополнителниот заменик-министер на вчерашната седница на Владата укажал дека наредбите се со едностран потпис, за кадровски промени во подрачни сектори на министерството и во Бирото за јавна безбедност.

Според техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ова е скандалозно и спротивно на законот.

„Една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село, каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи. Со ова се доведува во прашање издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина. Останатите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување“ напиша техничкиот министер за внатрешни работи, Тошковски, на социјалните мрежи.

Од „Илинденска“ бр. 2 велат дека согласно Законот за Влада, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи, за да се произведе правно дејство.

Законот е јасен – мора да има врзан потпис, дециден е премиерот Талат Џафери.

„Законот е јасен дека треба да има врзан потпис. Формално, ако нема врзан потпис се поништуваат одлуките, па потоа ако постапката утврди нешто друго тогаш се преземаат други постапки соодветни на процедурата. Засега такви се предусловите во законот“ одговара премиерот Талат Џафери, на новинарско прашање.

Телма побара став од дополнителниот заменик во МВР, Митко Бојмацалиев. Посочува дека неговиот став е во иста насока со ставот на техничкиот премиер Џафери.

Не се впушта во коментирање на ничиј Фејсбук-статус. „Во иста зграда сме и можеме да се координираме“, додава Бојмацалиев.

Првите луѓе во МВР и претходно имаа преписки. Заменикот иницираше внатрешна контрола на МВР да го истражи случајот со платени, а неиздадени пасоши.

Тоа е недозволиво, кажа тогаш Бојмацалиев, а Тошковски возврати дека недозволиво е граѓаните да бидат „лажени и манипулирани“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе