Вести Економија

Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар – нови цени на горивата од полноќ

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 82,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 84,5 денари за литар, дизелот ќе чини 76,5 денари додека Екстра лесното масло за горење за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,267 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,019 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,402 отсто, кај дизелот за 1,156 и кај екстра лесното масло намалување за 0,607 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 1,050 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе