Вести Македонија

„Вреди“: Коалицискиот фронт на ДУИ не ни е закана, ќе ги разјасни работите

Коалицијата „Вреди“ не очекува дека со формирање на контра коалициски фронт, предводен од ДУИ, ќе се расцепкаат гласовите на Албанците. Напротив, велат, евентуалното приклучување на Алијанса на Села, ДПА на Тачи и партиите на Арјанит Хоџа и на Скендер Реџепи кон таборот на ДУИ ќе ги разјасни работите за гласачите кои сега се манипулирани од одредени партии дека сакаат самостоен настап на изборите.

Во движењето „ЗНАМ„ остануваат на ставот дека на избори одат самостојно, а околу кадровската понуда на изборните листи, се` уште не сакаат јавно да зборуваат.

И поголемите партии ги кријат адутите за пратеници. Коалиционите партнери на СДСМ, му дадоа поддршка на  Стево Пендаровски за кандидатурата за втор мандат, како и Социјалдемократите викендов. Од  ВМРО ДПМНЕ застанаа зад Сиљановска-Давкова, но и од двете партии се обидуваат да ги убедат гласачите дека се работи за непартиски кандидати.

Кандидатите зад кои не стојат партии, се` уште се далеку од  потребните 10 илјади потписи. А денеска се појави и ново име на листата:извесен Гоце Ристов почнал со собирање на потписи иако има само уште четири дена да ги собере.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе