Од година во година надлежните регистрираат се поголем број на регистрирани пријави и случаи на семејно насилство во државата, стои во извештајот на Државниот завод за Ревизија (ДЗР). Осум од десет жртви се жени а девет од десет насилници се мажи покажуваат официјалните бројки. Ако бројките на случаи растат, бројките на случаи кои завршиле на суд паѓаат.
Па така во секој четврти пријавен случај против насилникот е отворен судски процес но за жал само во 15 отсто од процесите тие добиваат казна а фрапантен е податокот дека во 2022 година само 1 отсто од насилниците против кои се водела судска постапка за семејно насилство добиле затворска казна.
За само четири години, од 2018 до 2022 година, регистрирани се 61 отсто поголем број на пријави за случаи на семејно насилство. Во 2018 година имало 55 случаи на семејно насилство на 100 илјади додека во 2022 година таа бројка изнесува 61 случај.
Во 2019 година само еден од четири пријавени случаи завршиле на суд а во судските процеси казни речиси и да не се изрекувале. Според ДЗР само во 15 отсто од процесите насилниците добиле казни а во само 3 отсто од процесите пријавените добиле затворска казна. Политиката на неказниво продолжува па во 2022 година само во 1отсто од пресудите казната била затвор за сторителот на семејно насилство.
Осум од десет жртви на семејно насилство се жени а девет од десет сторители се мажи. Во 63 отсто до регистрираните случаи сторители се сегашните или поранешните партнери на жртвата. Загрижувачки е податокот кој укажува дека 16 отсто или секој шести пријавен за насилство е син на жртвата.
Од ДЗР со препорака да се зајакнат механизмите за заштита на жртвите и да се зголеми бројот на услуги за нивна поддршка но и да се зајакне родовата одговорност во судството.
Огнен Чанчаревиќ