Спорт Фудбал

Ретклиф бара начин како да ги намали платите

Новиот малцински сопственик во Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф продолжува со преземање на обврските во спортскиот дел од активностите и заедно со новиот извршен директор ќе работат на намалување на трошоците за плати на фудбалерите.

Клубот од Олд Трафорд минатата сезона на играчите им исплатил сума од 330 милиони фунти, а беше освоен само еден трофеј и тоа во Лига купот што е далеку од она што се посакуваше, но како утеха ќе остане пласманот во Лигата на шампионите.

Сепак големите трошоци не донесоа резултат особено ако се знае дека градскиот ривал Манчестер Сити за плати потроши 400 милиони, а во својата колекција донесе пет пехари и од награди буквално ги покри парите за исплата на играчите.

Токму поради тоа Ретклиф најави дека доаѓа крајот на нерационалното трошење пари за плати и дека висината платата не треба да биде мотивот за играчите да доаѓаат во клубот туку желбата да се биде дел од екипа која ќе доминира на терените и преку освојување на трофеи да се дојде до поголеми примања

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе