Почина сопственикот на туристичката агрнција “Аурора Турс” Славе Сирачевски. Тој беше и сопственик на еден од најубавите планински хотелски ресорти во Македонија, “Аурора Берово”, додека агенцијата има и угостителски објект на езерото Козјак во близина на Скопје
Славе Сирачевски во текот на долгогодишната кариера во туризмот, преку сопствени инвестиции и идеи учествуваше и во развивање на руралниот туризам и угостителство.
Сирачески за својот придонес во македонскиот туризам во 2022-ра година по повод 27-ми септември- Светскиот ден на туризмот од Министерството за економија доби признание за животно дело во оваа област.