Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев самиот текст на дополнувањата на законот кој предвидува надградба на мерки кои се однасеуваат на борбата против тероризам е конфузен, а владата сака да протне нешто што е во сосема друга област.
Го искористуваат овој текст сакајќи најверојатно да протнат нешто што е сосема друга област, да внесат корупција, хибридни закани и слично. Но, еве наводно корупцијата им е во фокусот, иако најголемата закана доаѓа од улогата на можни рекетирања на тајните служби врз основа на широкиот поим на хибридни закани. Но, текстот треба да се гледа во целина на текстот со кој што се надоврзува. Многу се спинуваше деновиве, по мене и малку безобразно и недозволиво, јас на крај на фејсбук ставив и статус дека излегува дека најголема хибридна закана по уставниот поредок на државата е владата, бидејќи ваков несериозен пристап со намерно кршење на уставниот поредок до сега не сум видел, рече професорот Калајџиев.
Вели дека ваквите мерки траат прилично долго време и сериозно го ограничуваат таргетираниот бизнис, па дури може да доведат и до негово пропаѓање.
Дали постојат независни одлуки на владата, тоа е најголемиот проблем, или само се таргетира обвинителството. Еден од спиновите на вицепремиерката беше дека всушност сакаат, бидејќи не се постапувало по црните листи, да го натераат обвинителството да биде поефикасно, тоа и исто така безобразно бидејќи обвинителството е нивни орган, на владата, тие одговараат и имаат влијание дали е опремено, како постапува, пред нив одговара, тие го бираат обвинителот, и е несериозно владата да го крши уставниот поредок за нешто што не успеала во сопствените редови, тие се нивни луѓе. Не може да ги кршат правата на поединците, на приватната сопственост и слично, под изговор дека обвинителството што е нивно не било доволно ефикасно, категоричен беше професорот Калајџиев.
Калајџиев смета дека граѓаните не ја сфаќаат сериозноста на предложените измени.
Владата донесува посебни мерки, вклучително тие најшироките и многу матни, т.н. финансиски мерки. Има листа на мерки што се превземаат, во која што тие додаваат и иницијативи од обвинителството, кое што ги превзема по сопствена иницијатива освен по листите. Обичните луѓе гледам не се вознемируваат многу, си мислат „Што ми е гајле, на црна листа се само богаташите“, но не сфаќаат дека ова ќе значи опасност за рекетирање на секој еден бизнисмен во Македонија. Секој еден, до најмал. Затоа што врз основа на активности на МВР, врз основа на разузнавачки служби, освен црните листи, ќе може по иницијатива на државна безбедност, како се вика сега агенцијата за разузнавање, која е исто спорно, тоа се агенции што работат друго, не работат по правни принципи, во кривична постапка прислушкувањата што ги прават за безбедноста не ги признаваме во кривична постапка, мора одново да се добие наредба на суд. Бидејќи таму се оди по други критериуми. Тоа не се органи што пружаат гаранции, тие се органи што може утре да го рекетираат секого. Црната листа е најмалиот проблем, тие секако се една група на луѓе, којашто се разбира една одговорна сериозна држава, нема да стави 1.000 луѓе и нема да ги рекетира другите. Најголемиот проблем по мене е ова другово, што сега под изговор дека сѐ ова го правиме за САД, рече Калајџиев.