Вести Македонија

Македонска Амбасада во Лондон: Нашите граѓани кои престојуваат во ОК може да аплицираат за патна исправа кај нас

Македонската Амбасада во Лондон ги известува сите македонски државјани кои престојуваат на територијата на Обединетото кралство или во Ирска за патни исправи може да аплицираат во македонското допломатско претставништво.

Претходно наведуваат дека сите заинтересирани ќе мора да закажат термин на електронска адреса со назнака „Обнова на патна исправа.

Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасош во Република Северна Македонија, истите можат да се патуваат со “Патен лист” издаден од МК Амбасадата во Лондон, се вели во соопштението.

Додаваат дека патниот лист е важечки документ за патување во еден правец, кон Република Северна Македонија, а во земјата треба да се поднесе барање за издавање нова патна исправа.

При издавањето на патните листови, пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ нема да бидат поништени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе